недела, 19 април 2026

ЕСМ со „дупка“ од 17 милиони евра на врвот на листата на загубари, во првите пет е и МЕПСО

Објавено на

часот

Сподели

На листата на загубарите на кој се наоѓаат компании од најсуштествените дејности – енергетика, транспорт, навигација, национална шума, паркинизи…првите пет се од државниот сектор и тоа ЕСМ и МЕПСО, потоа двете компании од железничкиот сообраќај Железница – Инфраструктура и Железница – Транспорт и АД за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ: овие пет компании направиле вкупна загуба од 47,8 милиони евра.

Државната компанија ЕСМ е рекордер не само по загубите, туку и по бројот на вработени, по направените приходи, но и по направените расходи. Компанијата има дури 4.802 вработени, а во 2020 година реализирала приход од 12.015.429.364 денари (околу 195,4 милиони евра) и расход од 13.048.530.088 денари (околу 212,2 милиони евра).

Втор на листата по загуби меѓу државните загубари е Македонски железници – Транспорт. Компанијата која е задолжена за железнички превоз има 855 вработени, во 2020 година остварила приход 1.235.865.115 денари (околу 20 милиони евра), но расходите биле 1.620.640.899 денари (околу 26,3 милиони евра) со што се генерирала загуба од 6,3 милиони евра.

Трета на листата на загубари комплетирана од државни и јавни претпријатија во 2020 година се најде АД за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ со загуба од 358.297.189 денари (5,8 милиони евра). Приходите на компанијата биле 487.393.443 денари (речиси 8 милиони евра), а расходите 845.690.632 денари (13,8 милиони евра). Загубата на М-НАВ годинава е резултат на пандемијата која речиси го запре воздушниот сообраќај.

Четвртото место повторно е резервирано за компанија од енергетскиот сектор – АД за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем (МЕПСО). Оваа компанија во државна сопственост, лани направила загуба од 357.855.501 денар (5,8 милиони евра), остварила приход од 3.362.115.962 денари (54,7 милиони евра), а расходите ѝ биле 3.719.971.463 денари (60,5 милиони евра). Финансиските резултати и на ова компанија директно влијаат врз цената на електричната енергија.

На петтото место на државни загубари е Железница – инфраструктура. Приходите во 2020 година на ЈП Железница –инфраструктура биле 780.518.514 денари (12,7 милиони евра), а расходите се 1.103.109.450 денари (17,9 милиони евра), при што е реализирана загуба од 322.590.936 денари (5,2 милиони евра). ЈП Железница- Инфраструктура со години има загуби, а пандемијата особено удри врз транспортниот сектор. Своите приходи ЈП Железница- Инфраструктура ги обезбедува од надомест за користење на железничка инфраструктура, од извршени услуги, од наемнини и од закуп на оптички кабел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ