недела, 19 април 2026

СДСМ бара локален референдум за рудникот со антимон

За најавата на Мицкоски за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке мора да има поширока јавна дебата и секако да се прашаат граѓаните, тие да одлучат, се наведува во денешното соопштение на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е сериозно прашање, станува збор за тоа оваа држава како одлучува за своите ресурси, за здравјето на граѓаните и за иднината на локалните заедници. Особено, што на пример, старото еколошко жариште Лојане со децении стои нерешено, а во исто време се најавува нов рудник за антимон.

Не сме против инвестиции. Но, не може моделите да бидат фокусирани на профитот и бизнисот, со висок ризик по здравјето на граѓаните. Не може да се зборува само за економска корист која не е сигуна.  А при тоа никој да не зборува за загадувањето и опасноста по луѓето, за цената на загадена вода, за цената на заболени луѓе и за цената на уништено земјоделие. Тоа не се бројки во извештаи, тоа се последици кои траат со генерации.

Ако државата не може да го реши Лојане, тогаш нема кредибилитет да отвора нови рудници“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од опозициската партија сметаат дека за вакви проекти граѓаните мора да бидат прашани и да учествуваат во процесот на донесување одлуки.

„Бараме јавни расправи со реално влијание, локален референдум и вклучување на стручната и локалната јавност. Затоа што ова не е техничко прашање туку прашање за здравје и за иднина.

Затоа мора да бидат исполнети неколку клучни услови:

1.Владата итно да ги реши постојните еколошки жаришта. Без тоа не може да инсистира на отворање нови рудници.

2.Целосна транспарентност пред граѓаните. Сите договори, економски параметри, студии за влијание мора да бидат јавно објавени.

Исто како и детални информации за фирмите кои стојат зад ова. Имајќи ја предвид целата криминална мрежа на фирми и бизниси на Мицкоски граѓаните имаат право да знаат дали има скриени профити.

3.Системот мора да биде затворен еколошки систем без испуштање во почва, вода или воздух.

4.Финансиска гаранција однапред обезбедена од инвеститорот за санација на евентуални штети.

5.Независен мониторинг со јавни податоци достапни во реално време.

6.Директен локален бенефит за општината и за граѓаните.

7.Континуирана здравствена заштита и следење на населението финансирани од инвеститорот.

Доколку овие услови не се исполнат, тогаш подобро е да нема рудник“, ги наведуваат условите од СДСМ за отворање нов рудник.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ