ДРЗ констатирал дека било извршено бришење од сметководствената евиденцијата на расходуваните движни ствари по попис, без одлука на Владата и без спроведување на постапка за нивно отстранување, како и оти исплата на плата на дел од вработените се врши за не полно работно време и применета пониска стапка при пресметка на надоместокот при спреченост на работа (боледување).
Во извештајот се констатира дека се направени расходи без поткрепувачка документација и набавки на стоки и услуги без спроведување постапка за јавна набавка над законски вредоносно утврдениот праг.
Нотирана е и потребата од уредување на платата и надоместоците на избраните и именувани лица од Собранието, претседателот и комисионерите (членовите) на Комисијата со закон, потребата платата на вработените во Комисијата да биде уредена со закон или со колективен договор и преземање активности за изменување и дополнување на регулативата – подзаконски акти, со кои ќе обезбеди доследно почитување на сметководственото начело на „модифицирано настанување на деловните промени, односно трансакции“.