„Оваа ситуација не е само правен скандал, таа е политички скандал од прв ред. Фактите јасно покажуваат дека обвинителното досие не се користи како инструмент на правдата, туку како лост за притисок врз градоначалникот на општина Чаир.
Меџити, опкружен со овој Дамоклов меч, продолжува да ја држи својата позиција, ставајќи го личниот интерес над интересот на албанскиот народ и граѓаните на Чаир.
72 милиони евра штета на општинскиот буџет не се апстрактна бројка, тоа се болници кои не се изградени, улици кои не се асфалтирани, градинки и училишта кои не постојат, и осиромашени граѓани жртви на сомнително управување без одговорност.
Одбиваме да ја прифатиме идејата дека еден поединец и неговите лични правни проблеми можат да го земат во заложништво целото албанско прашање. Меџити нема право да ги изложи граѓаните на политичките последици од неговите манипулации. Тој имал можност да се брани лично, но без да се крие зад својот мандат и зад нашата заедница.
Поради ова итно и категорично бараме Изет Меџити да поднесе оставка од функцијата градоначалник на општина Чаир, и индивидуално да се соочи со правните обвинувања против него, онака како што бара секој елементарен стандард на демократијата и чесното управување. Правдата не е предмет на преговори. Граѓаните на Чаир заслужуваат лидери кои им служат на граѓаните со интегритет, а не поединци кои го користат мандатот како лично штитење од законот. Молчењето и неактивноста се соучесништво“, се вели во денешното соопштение на ДУИ.






