вторник, 2 јуни 2026

До крајот на месецов реконструкција на Владата

Во втората половина на јуни ќе седнеме со владините партнери за да разговараме за натамошните чекори во однос на работата на Владата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и за реконструкцијата на Владата.

Објавено на

часот

Сподели

„До крајот на јуни ќе се добие и појасна слика за идната структура на Владата“, рече Мицкоски.

Во врска со тоа какви други промени ќе има, Мицкоски рече дека тоа е динамичен процес и дека во моментот се посветени на внатрепартиските реорганизации и преструктуирања. „Планираме тие активности да ги завршиме до средината на јуни, а потоа, во втората половина на месецот, да седнеме со коалициските партнери и да разговараме за следните чекори“, додаде Мицкоски.

Во врска со здравствената состојба на градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, истакна дека тоа е лично прашање.

„Тоа се лични прашања и навистина не би сакал да ги коментирам. Ги осудувам сите политички актери што се обидуваат да добијат политички поени врз туѓа мака и лични околности“, изјави премиерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ