„11 години непребол нè потсетуваат и обврзуваат достоинствено да оддадеме почит, да градиме иднина без вакви трагични последици! Имаме должност да создаваме иднина на мир, стабилност, меѓусебна поддршка и заедништво. Нивниот подвиг е вистински поттик за сите нас, да продолжиме да градиме праведно и безбедно општеств“, напиша Димитриевски.
Тој посочи дека денес се поклонуваме пред споменикот на жртвите со неизмерна тага, изразувајќи благодарност до припадниците на македонските безбедносни сили, најискрена почит до нивните семејства, затоа што ги загубија најмилите во борбата за мир, праведност и безбедност на сите граѓани на Македонија.
„Вечна слава и почит за хероите“, напиша Димитриевски.






