Како што соопшти Министерството за финансии, настанот се организира од страна на Министерството за финансии на Хрватска и претставува регионална иницијатива во која учествуваат земјите Хрватска, Бугарија, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Словачка и Словенија.
Со потпишувањето на Меморандумот ќе се потврди заедничката определба за унапредување на соработката во областа на пазарите на капитал, преку подобрување на законодавството и регулативата, интеграција на инфраструктурата, дигитализација и хармонизација.
„Оваа иницијатива има за цел да испрати силен сигнал до инвеститорите, пазарите и меѓународните партнери дека земјите од Централна и Југоисточна Европа се посветени на координирани и усогласени реформи, како и на создавање услови за долгорочен и одржлив економски раст“, стои во соопштението на Министерството.
Во рамки на настанот, министерката ќе учествува и на министерски панел,на кој ќе размени искуства и најдобри практики со своите колеги од регионот.
Учеството на министерката Димитриеска-Кочоска на овој значаен настан претставува потврда за заложбата на земјава за продлабочување на регионалната економска соработка и за активно вклучување во иницијативи кои придонесуваат за развој на пазарите и зајакнување на довербата на инвеститорите.






