петок, 7 ноември 2025
Локални избори 2025

ДИК: Во првиот круг на локалните избори избрани се градоначалници во 43 општини

Државната изборна комисија вечерва ги соопшти официјалните резултати од првиот круг на изборите локалните избори, што се одржаа на 19 октомври, на кои се избраа советите во 80 општини и во Градот Скопје. Градоначалници се избрани во 43 општини, во 33 ќе има втор круг на 2 ноември, а во 4 општини изборите ќе почнат од почеток, затоа што не е исполнет цензусот од 30 отсто излезност.

Објавено на

часот

Сподели

Коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 33 градоначалнички места во првиот круг, коалицијата Вреди победи во 4 општини , СДСМ освои градоначалници во 3 општини, а НАИ, исто така – 3 општини.

Одѕивот во овој прв круг од 8-те локални избори во Македонија е  46,63 отсто, односно гласале 854.620 граѓани.

„За градоначалник на Скопје во вториот круг ќе одат Амар Меџиновиќ од Левица, кој освои 29.282 гласа и Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 89.170 гласа. Во Советот на Град Скопје распределбата на мандатите е следна: ВМРО-ДПМНЕ и Твоја Македонија има 21, СДСМ – 6, Левица – 6, НАИ – 4, Вреди – 4, група избирачи Јана Белчева – 1, група избирачи Марјан Калевски – 1, Искуство за успех – 1 и ЗНАМ – 1“ соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

ВМРО-ДПМНЕ победи во првиот круг во општините: Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Градско, Ѓорче Петров, Делчево, Демир Хисар, Желино, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица и во Штип.

Коалицијата Вреди си осигура градоначалници во: Арачиново, Желино, Сарај и во Теарце.

Националната алијанса за интеграција во првиот круг победи во Пласница, Липково о во Чашка.

СДСМ освои градоначалници во првиот круг во: Богданци, Крива Паланка и во Кривогаштани.

Во рок од 60 дена треба да се повторат изборите во општиние Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и во Центар Жупа. Во Гостивар на 19 октомври изглегле на гласање 33,31 отсто од запишаните избираи, во Маврово Ростуше 30,31, во Врапчиште 25,18, а во Центар Жупа 21,49.

„Рокот за приговори за сумираните резултати тече 48 часа почнувајќи од 22 часот вечерва, завршувајќи  во среда на 22-ри, до 22 часот“, рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Тој потсети дека во меѓувреме од вчера тече и рокот за постапката за евентуални приговори за текот на гласањето.

„Тој рок започна од вчера од 19 часот и завршува до утре, вторник во 19 часот. Приговорите се поднесуваат директно до ДИК. Поднесување приговри по пошта и по електронска пошта не се дозволени“, потенцира Кондарко.

ДИК вечерва како неосновани ги отфрли приговорите за наводни нерегуларности во изборниот процес поднесени од Група избирачи Билјана Ивановска за градоналалник на општина Центар и на Група избирачи Јане Димески за советничка листа за општина Центар.

Претходно ДИК ја затвори 147-та седница, која беше започната завчера, бидејќи како што кажа претседателот на ДИК, Борис Кондарко, во меѓувреме нема пристигнато нови приговори по однос на заштита на лично избирачко право.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ