петок, 14 ноември 2025
Локални избори 2025

ДИК: Одѕивот на локалните избори до 18:30 часот е 46,65 отсто

Излезноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира претседателот на ДИК, Александар Кондарко, до 18:30 часот излегле да гласаат 803.091 граѓанин. Обработени се 3.287, односно 94,62 проценти од избирачки места. На овие 3.287 избирачки места запишани се вкупно 1.721.645 граѓани.

За споредба, на претходните локални избори 2021 вкупниот одѕив заклучно со 19:00 часот изнесувал 49,98 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ