Онлајн курсевите се отворени за сите заинтересирани, кои сакаат да се школуваат во нашите училишта. Покрај онлајн курсевите, ПСУ Јахја Кемал нуди и други можности за сите ученици кои сакаат да добијат стипендии. Тука спаѓа испитот за стипендија по математика-физика во сите свои училишта што ќе се одржи на 18 февруари и испитот за стипендија по англиски јазик во образовната единица Тетово – Боговиње што ќе се одржи на 16 март. Овие испити се отворени за сите ученици кои ги исполнуваат критериумите за подобност и можат да ги покажат своите знаења и вештини по соодветните предмети. Испитите ќе се реализираат на мајчиниот јазик на учениците.







