Со оваа донација, АСОМ се приклучува кон заедничките напори за ублажување на последиците од трагедијата и за поддршка на погодените семејства во процесот на нивно закрепнување. Истовремено, упатуваме длабоко сочувство до сите кои ги загубија своите најблиски и остануваме подготвени да обезбедиме дополнителна поддршка.
Како општествено одговорна организација, АСОМ и во минатото активно реагираше на кризни состојби, хуманитарни предизвици и други непредвидливи несреќи. Овој гест е продолжение на таа заложба – да се биде на страната на заедницата во најтешките моменти.
Ги охрабруваме сите компании, институции и граѓани да се вклучат во хуманите иницијативи, бидејќи солидарноста е клучна за надминување на последиците и за обезбедување поддршка за семејствата на настраданите.