„Второстепениот суд, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, изјавена против пресудата на Кривичниот суд Скопје против обвинетите Д.М. и Ѓ.М. од Струга и Д.С. од Скопје за кривичните дела перење пари и други приноси од казниво дело донел пресуда со која жалбата на јавниот обвинител се одбива како неоснована односно ослободителната пресуда на Кривичниот суд против обвинетиот Д.С. се потврдува, а ослободителната пресуда против Д.М. и Ѓ.М се преиначува на начин што обвинението против овие двајца обвинети се одбива, односно гонењето не може да продолжи заради застареност“, соопштија од Судот.
Оттаму појаснуваат дека станува збор за судска постапка која за првпат е започната во 2009 година и до 2025 година се донесени повеќе, различни првостепени пресуди кои по жалба на странките и одлука на второстепениот суд е враќана на повторно постапување.
„Постапката е водена според процесниот Закон за периодот кога е започната постапката и според кој нема ограничување колкупати првостепената пресуда ќе биде укинувана од страна на повисокиот суд и враќање на почетокот. Со сегашната одлука на Апелацискиот суд Скопје предметот станува правосилен“, објаснуваат од Кривичниот суд Скопје.





