вторник, 5 мај 2026

Ајдински: Требаше да се почека со поништувањето на дипломите на студентите

Се поништија дипломи! Зошто не се почека и да се види (Управен суд и други правни инстанци) за пропустите во увидот, па и во решението на инспекторатот, прашува професорот Горан Ајдински кој од 2009 до 2017 година беше декан на Филозофскиот факултет.

Објавено на

часот

Сподели

„Запишани се на втор циклус на студии на Институт за специјална едукација и рехабилитација на програми акредитирани согласно Законот за високо образование од 2008 год (акредитација на програмите започна во 2018 година).

Во моментот на запишување веќе стапува на сила Законот за високо образование од 2018 год.

Диплома саплемент во текстот овозможува упис на академски студии. Заедно, плус една година специјализација имаат вкупно 240 кредити. Тоа се 4 години и се запишуваат на посдипломски студии.

Има повеќе такви случаи и на други факултети на УКИМ.

Чл.5 од Правилникот на УКИМ, кој е на сила овозможува да се запишат на студиите. Го прочитале ова, писмени се!“, напиша Ајдински на својот фејсбук-профил.

Во коментарите на овој пост, професорот Тони Дескоски вели дека подзаконски акт не може да менува или дерогира закон. „На УКИМ вообичаена пракса беше (а на некои факултети сеуште е), со пониски општи акти да се дезавуира Законот“, напиша Дескоски.

Вчера министерката за образование Весна Јаневска изјави дека случајот на Филозофскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј- Скопје и уште еден случај на Славјанскиот универзитет се пријавени во Јавното обвинителство.

„На Филозофскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј- Скопје поништуваме осум дипломи на веќе поништени осум уписи и денеска тоа ќе излезе во весниците и на веб- страницата на Министерството за образование и наука. Станува збор за 17 студенти од кои дел се запишани на втор циклус и завршиле. Ова се тие осум, а останатите продолжиле на трет циклус. Едно уверение не е поништено од страна на факултетот и тој е задолжен да го поништи. Ние откако ќе постапи факултетот ќе ги поништиме и уверенијата на сите овие осум студенти. Тоа е првото нешто, значи МОН постапува по закон и не прави разлика дали се приватни и јавни универзитети. Секаде каде ќе забележиме неправилност ние постапуваме“, рече Јаневска.

Таа посочи дека втората неправилност која е констатирана е веќе објавена – на Славјански универзитет се поништени две дипломи на еден студент, кој во исто време студирал додипломски и постдипломски и постои сериозно сомнение за фалсификат на двете дипломи.

„Случаите од Филозофскиот факултет на УКИМ и од Славјанскиот универзитет се пријавени во Јавното обвинителство. Дефинитивно Јавното обвинителство ќе утврди понатаму во своите ингеренции како треба да ја води постапката“, додаде Јаневска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ