сабота, 30 мај 2026

Во Битола одбележана 100 – годишнината од првата кино – проекција на браќата Манаки

Објавено на

часот

Сподели

„Настанот го одбележуваме искрено, со длабока љубов. Означуваме почеток и на нови проекции кои што ќе зборуваат за низа моменти што се случувале во изминатите 100 години во кои дишел овој град, ќе зборуваме и за сегашниот момент и за оние кои што следуваат, затоа што Битола отсекогаш била и засекогаш ќе биде лулка на културата, град во кој што се случуваат низа културни настани, а дел од нив ќе бидат и во ова катче кое што го направивме“, рече на проекцијата Наташа Петровска, градоначалничка на Битола.

Таа информира дека општината вложила 300.000 евра за адаптација на просторот и за негово техничко осовременување и посака пандемијата што побрзо да заврши и градот да продолжи со секојдневно пулсирање низ културни настани.

„Новата културна институција, заедно и со останатите културни институции во градот, ќе овозможат културно да живееме и опстојуваме во следниот период”, рече Петровска непосредно пред проекцијата на филмот ,,Манаки – приказна во слики”.

Директорката на КИЦ Битола Сандра Котевска, осврнувајќи се на делата на браќата Јанаки и Милтон Манаки, истакна дека по првата кино проекција, две години подоцна, браќата ја изградиле првата наменска кино сала, која, за жал, постоела до 1939 година кога е уништена од пожар.

„Денес, во нивна чест со цел да се зачуваат од заборав нивното име и дела, исклучително значајни за градот Битола, но и за целиот Балкан, ја одбележуваме таа прва проекција од која поминал точно еден век. Благодарение на градоначалничката и на Општината, преку проектот ‘Кино култура’ финансиран преку ‘Интерег ипа’ програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија, оваа реконструирана кино сала е ревитализирана и целосно опремена со најсовремени техничко технолошки перформанси од највисоко ниво. Со ова градот Битола, доби уште еден културен објект кој претставува симбол од непроценливата важност за воспоставување, одржување и афирмација на културниот континуитет од минатото до денес-како најфундаментална инвестиција за иднината”, рече Котевска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ