сабота, 30 мај 2026

Украина – земја во фокусот на МакеДокс

Објавено на

часот

Сподели

Амбасадорката на Украина во Македонија, Наталија Задорожњук, вчера ја отвори украинската документарна програма во рамките на фестивалот МакеДокс.

„Среќни сме што имаме многу добри резултати во развојот на украинско -македонските односи – активен политички дијалог, зголемена економска соработка, зајакнување на соработката во областа на културата. И денешниот настан е потврда за тоа. Украинската документаристика се развива многу брзо. За прв пат во нашата пријателска земја се претставени ваков број документарни филмови од Украина. Овие филмови се едни од најдобрите не само во Украина, туку и во светот. Сигурна сум дека за време на презентирањето на украинската документаристика, комуникацијата во живо, ќе се појават нови интересни идеи за понатамошна билатерална соработка, реализација на нови заеднички проекти. Амбасадата на Украина, од своја страна, ќе придонесе за ова колку што е можно повеќе“, изјави Задорожњук.

На Фестивалот учествуваа украинските режисери Гана Јарошевич, Зоја Лактинова, Алина Горлова и Оксана Карпович лично учествуваа на фестивалот. Според амбасадорката Задорожњук, „ништо никогаш нема да ја замени живата комуникацијата, размената на мисли и емоции во живо, особено во нашето тешко ковидно време, кога сите сфери на животот се ограничени“.

Во рамките на украинската програма на филмскиот фестивал беше отворена изложба на украински уметници и занаетчии кои живеат во Северна Македонија (Снижана Мелник, Маријана Велковска, Тетјана Урбанович).

Инаку, настанот се одвива во рамките на одбележувањето на 30-тата годишнина од независноста на Украина, а по истиот повод од 13 до 16 август во Кинотеката на Северна Македонија беа претставени филмовите на познатиот украински режисер Олександр Довженко.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ