недела, 19 април 2026

Трето издание на филмскиот фестивал Златна рамка 2021

Објавено на

часот

Сподели

„Златна рамка“, претставува можност, македонската публика да ги погледне сите филмови кои беа реализирани изминатата, 2020 година, во мнозинска продукција, поддржани од Агенцијата за филм.

Филмовите првпат годинава ќе бидат прикажан на две локации: МКЦ – Кино „Фросина“ и Кинотека на С. Македонија, кино „Мирно лето“.

Сите проекции на документарни, краткометражни и долгометражни филмови се бесплатни, а по секоја проекција, публиката ќе има можност да ја запознае екипата која работела на филмот и да учествува во отворена дискусија.

Партнери на манифестацијата покрај организаторот ДФРМ се: Агенција за филм, МКЦ, а од оваа година се приклучуваат и Кинотека на С. Македонија – кино „Мирно лето“, EU House (ЕУ Хаус) и националната телевизија – МРТВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ