сабота, 30 мај 2026

Ревијално прикажување на победниците на „Галичник филм фестивал“

Објавено на

часот

Сподели

Публиката ќе има можност во „Europe House Скопје“ да ги проследи филмовите „Налепница”, добитник на Гранд при и на наградата за најдобар актер, „Ана” за најдобар филм на фестивалот, потоа филмот „Заедничка градина” за најдобра кинематографија, „Кожа” за најдобра режија, „Само една смрт до љубовта” за најдобар анимиран филм и „Битка” за најдобар документарен филм.

Од страна на жирито, годинава на Галичник филм фестивал беше награден и филмот „Ѕвезда што паѓа” за најдобра актерка, а филмовите „Дора” и „Бледиот светец” се наградени со специјално признание на Галичник филм фестивал.

Фестивалот годинава се одржа во соработка со Агенцијата за филм и Делегацијата на Европската Унија Скопје. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ