Милан Гутовиќ е роден на 11 август 1946 година, а дипломирал на Акамедијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград во 1967 година. Зад него остави бројни претстави и филмови, а најпознат беше по улогите во филмот „Тесна кожа“ и ТВ серијата „Бела лаѓа“ каде повторно го глумеше ликот на Среќко Шојиќ од „Тесна кожа“.
Здравјето на актерот се влоши откако се зарази со коронавирусот, а во јуни ги откажа сите настапи. Како последица на вирусот доби воспаление на белите дробови, а минатиот четврток беше ставен на респиратор.
[video:https://youtu.be/fcFKRWzMQV4 autoplay:0]





