„Сега, со Глеј македонските граѓани добиваат лесен пристап до најдобрата домашна и регионална продукција, детска програма, европски и холивудски филмови и серии, кои се комплетно локализирани на македонски и албански јазик, без прекини за реклами и со имплементирана родителска заштита. Глеј ги обединува македонските продукциски капацитети и им дава можности за забрзан развој на нови и постоечки проекти“, рече Перушески, потенцирајќи дека македонските продукциски куќи имаат капацитет за создавање високо квалитетна програма.
На Глеј е достапен значителен број македонски филмови и серии со што се овозможува лесен пристап до домашната продукција. Поголем дел од македонските содржини ќе бидат дигитално ексклузивно достапни само на платформата. Ексклузивноста на дел од содржините кои не се достапни и локализирани на другите веќе постоечки глобални платформи го прават Глеј оригинален, атрактивен и единствен на домашниот пазар.

Посебен акцент е ставен на обработката на детската програма која е синхронизирана на македонски и на албански јазик. Ексклузивно на македонскиот пазар, Глеј нуди и голем дел од брзорастечката регионална продукција, која во овој момент предизвикува голем интерес кај публиката на овие простори.
Содржините се достапни во висока ХД резолуција со квалитетен звук на ЛГ, Самсунг и Андроид ТВ, СМАРТ телевизорите, персонални компјутери, таблети или мобилни телефони. За таа намена сеизработени апликации кои корисниците можат лесно да ги инсталираат на оперативните системи на телевизорите во Apple App Store и Google Play Store.
Пристапот до програмите на Глеј ќе биде со месечна претплата која е необврзувачка и корисникотќе може да ја откаже кога сака.
Понудени се три нивоа на месечна претплата: 299, 399 и 499 денари во зависност од бројот на уреди на кои истовремено ќе може да се има пристап кон платформата.

Корисниците можат да се регистрираат на gley.mk на својот компјутер или мобилен телефон. Сите корисници кои ќе се регистрираат до 30 ноември, ќе добијат 30 дена промотивен пробен бесплатен период.






