„Сестра” е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочуваат со последиците од нивното декадентно однесување.
Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото е на Дина Дума и на Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, музиката е на Игор Василев – Новоградска, а дизајнот на звук на Ристо Алчинов.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм во 2017 година, и е во копродукција со Црна Гора и Косово.







