сабота, 30 мај 2026

Болдвин: Не знам кога пак ќе можам да снимам сцени со оружје, снимањето на „Раст“ нема да продолжи

Објавено на

часот

Сподели

„Се случуваат несреќи на снимање, но ништо слично. Постоеше една шанса во илјада милијарди да се случи нешто такво“, рече тој.

Болдвин ова го кажа синоќа во првата изјава пред телевизиските камери по трагедијата на 21 октомври и повтори колку бил потресен од тој настан.

„Таа ми беше семејство“, рече тој, мислејќи на убиената директорка на фотографија Халина Хачинс, пренесе телевизијата ТМЗ снимка од Алек Болдвин со неговата сопруга Хиларија во Манчестер во североисточната американска држава Вермонт.

Тој претходно преку Твитер изрази тага и шок по трагедијата и рече дека ќе соработува со полицијата задолжена за истрагата.

Засега никој не е уапсен, а истрагата продолжува за околностите на драмата што се одигра на снимањето на ранчот Бонанца Крик, каде што Болдвин снима вестерн што се одвива во 19 век. Тој ракуваше со револвер за кој му било кажано дека не е наполнет и опасен кога пукаше и Халина Хачинс беше убиена, а режисерот Џоел Суза беше ранет во рамото.

По несреќата, има сѐ повеќе повици за подобра контрола на оружјето на снимањата во Холивуд, а Болдвин исто така изрази „екстремен интерес“ за тоа.

Тој рече дека не може да каже кога повторно ќе биде подготвен да снима сцени со оружје и дека снимањето на филмот „Раст“, во кој тој е еден од продуцентите, нема да продолжи.

„Бевме многу цврста екипа што заедно го снимаше филмот и се случи овој ужасен настан“, рече Болдвин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ