Во проектот учествуваат осум грчки градови и тоа, Солун, Александрија, Вериа, Науса, Едеса, Скидра, Аминдео, Лерин, како и Битола, од македонска страна, претставувана од Интимен театар. Во сите овие градови, на нивните железнички станици, на 26 јуни во 20.30 часот македонско, и 21.30 часот грчко време, ќе се случат мноштво на културни настани, во знак на прослава на железничката линија Битола – Солун.
Овај настан е поддржан од Грчката национална железница, како и од Македонски железници, затоа што оваа 2021 година е „Европска година на железниците“.
Проектот на Интимен театар „Возот“, е всушност театарска претстава во која настапуваат сите актери што гравитираат околу Интимен театар, а ќе има и ученици од Театарската школа Фабрика за мечти. Мотото на нашата претстава е: „Интимен театар за железницата“, со една единствена цел, а таа е да се промовира важноста на оваа линија Битола – Солун за целата локална заедница, како и за целата наша држава, а и да се потенцира практичноста и ефикасноста на превозот со воз. Битолскиот дел од проектот ќе се случи на самата железничка станица, во просториите на Ноќниот клуб Јагода, додека другите осум градови ќе имаат свои културни програми на нивните железнилки станици.






