вторник, 18 ноември 2025

„Поетроника за млади“ во Јавна соба

Поетесата Радмила Петровиќ, еден од најсвежите гласови на современата српска поезија, ќе настапи заедно со актерот Оливер Митковски и електронскиот продуцент Андреја Салпе во рамки на новото издание на уметничкиот проект „Поетроника за млади“. Настанот ќе се одржи вечерва во 20 часот во Јавна соба.

Објавено на

часот

Сподели

Проектот „Научи ги младите да ја сакаат музиката и поезијата“, или „Поетроника за млади“, кој е продолжение на оригиналниот проект „Поетроника“,е музичко-поетски перформанс со едукативна улога. Целта е младите да ја доживеат поезијата на нов и близок начин – преку современ музичко-поетски израз кој го издигнува нашето поетско наследство на ново ниво.

Андреја Салпе е еден од нашите водечки електронски продуценти, член на составот BarumBarum. Оливер Митковски е македонски актер кој преку проектот „Поетроника“ заедно со Салпе ја претвора поезијата во живо музичко искуство.

Радмила Петровиќ е истакната српска поетеса, авторка на три збирки и роман во стих. Нејзината книга „Мајка ми знае што се случува во градовите“ е продадена во над 12.000 примероци и објавена во повеќе европски земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ