понеделник, 20 април 2026

Неправилен ритам – изложба на Билбилоска во Белград

Објавено на

часот

Сподели

Сликите водат дијалог со музиката. Музиката се надоврзува на сликите, како екстензија, а ритамот варира од праволиниски до неправилен.

За оваа изложба, д-р Александар-Андрија Пејовиќ вели: „Моќта на бојата и силата на колоритот најмногу доаѓа до израз во рамките на ноктуралниот аспект на творештвото на Билбилоска. Затоа што, уметницата ноќта ја гледа низ распрснување на црвен превез врз  сината боја на ноќта, а ехото просто ја задушува темнината и мракот со својата мултидимензионална јаркост на боите, кои се слушаат посилно и попродорно и од звукот.

Всушност, способноста звукот да се прикаже во вид на боја, цртеж кој има должина, ширина, висина, длабочина, но и правец, оставаат најголем впечаток кај посматрачот на оваа уметничка порака. Ова станува ракопис на Билбилоска, кој е присутен низ сите нејзини дела, па макар и биле декомпонирани или фрактални – вртлогот на моќта и силата која е во константен труд да  излезе од рамките на сликата стануваат фабула на насликаното во сублимација на звукот, боите и движењето.“

Изложбата ќе биде отворена до 31 јули.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ