среда, 15 април 2026

Делата на Зоран Попоски ќе бидат изложени на најголемиот европски фестивал за дигитална уметност

Објавено на

часот

Сподели

Мото на фестивалот е „Нов дигитален договор“ и потребата да се преиспитаат основите на дигиталниот свет. Фестивалот ќе се одвива во Линц и 86 „Електронски градини“ ширум светот, како и преку интернет. Фестивалот вклучува изложби, концерти, академски конференции, работилници и други активности од областа на современата уметност, технологија и општество.

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија и САД, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано над 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ