Интерпретацијата под наслов „Блаже Конески – Проста и строга македонска песна, 100 години од раѓањето на великанот“ ќе биде во изедба на актерката Симона Спировска и пијанистот Дино Имери.
Настанот, како што соопшти организаторот, е дел од прославата на Владата на Македонија, по повод одбележувањето 30 години од независноста. Ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата Блаже Конески-Проста и строга македонска песна.






