Препорачувајќи ги колумните на Шутаров, рецензентот и промотор на изданието Елка Јачева Улчар, истакна дека пораките кои произлегуваат од колумните и есеите имаат потрајна димензија.
„Читателите на оваа книга претпоставувам нќе ја препознаат остроумната и далекосежна мисла, кон еден свет низ кој само човечноста би ни била мерна единица и мисла водилка за бескомпромисна акција во практиката. Или, како што вели Шутаров, време во кое ќе се сподели најмногу човечност и правичност по глава на жител“, вели Јачева.
Книгата е спонзорирана од Општина Гевгелија и ќе може да се купи во книжарниците „Или-Или“, „Култура“ и „Антолог“ и на порталот kupikniga.mk.






