петок, 22 мај 2026

Санде Стојчевски добитник на Големата меѓународна награда за поезија во Романија

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Фондацијата и организацијата посветени на културата „Orient-Occident International Academy” од Романија, која е основач и организатор на Меѓународниот фестивал „Поетски ноќи во Куртеа де Арџеш”, одлуката е донесена едногласно од Жири – комисијата составена од академик Каролина Илика (поетеса, претседател); академик Михаил Голеску (есеист, универзитетски професор, директор на весникот „Аргесуал”, член); Михаела Габриела Хелмис (есеист, составувач на програмата Радио Романија, член); и Николае Илиеску (писател и книжевен критичар, одговорен уредник во Издавачка куќа на романската академија, член).

„Големата меѓународна награда за поезија на првото издание на Фестивалот во 1997-тата година е доделена на познатиот поет и прозен писател Михаил Ренџов, легенда на европската и светската лирска поезија. По 25 години, како знак на почит кон поезијата што е пишувана на македонски и на другите јазици од балканските земји, дојде ред на уште еден македонски поет, Санде Стојчевски, да го прими нашето значајно призание. Оваа награда е мотивирана од извонредните квалитети на делото на Стојчевски, поет и високо рангиран толкувач на лирската поесзија. Санде Стојчевски е длабок глас на современиот универзален лиризам, се наведува во образложението на Жири-комисијата.

Наградата на Санде Стојчевски ќе му биде врачена на годинашното 25-то издание на Меѓународниот фестивал „Поетски ноќи во Куртеа де Арџеш” што ќе се одржи од 15 до 20 септември, годинава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ