понеделник, 20 април 2026

„Обратна“, нова стихозбирка од Христо Петрески

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти издавачот, во оваа книга преовладуваат филозофското, мисловното и необичното. Ракописот е замислен и остварен како експеримент на тематско-мотивски и изразен план. 

Во книгата „Обратна” речиси се е нетипично, па и задната корица е прва, а и песните се објавени по нехронолошки ред. Со оваа книга авторот внесува нов стил и постапка во своето досегашно творештво. Доминираат урбани и секојдневни теми и мотиви, односно песни создадени во ковид-периодот, а кои покренуваат редица егзистенцијални дилеми и прашања.

„Книгата „Обратна” како творечка и креативна иновација наидува на убав прием кај читателите и, иако е објавена пред само неколку месеци, тиражот е исцрпен и веќе се подготвува за печат нејзиното второ издание. Исто така, постои заинтересираност за преведување и објавување на книгата на српски, хрватски, словенечки, албански и бугарски јазик“, соопшти издавачот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ