недела, 19 април 2026

Нoва поетска книга на Христо Петрески

Објавено на

часот

Сподели

Во оваа книга преовладуваат филозофското, мисловното и необичното. Ракописот е замислен и остварен како експеримент на тематско-мотивски и изразен план. 

Во книгата Обратна речиси се е нетипично, па и задната корица е прва, а и песните се објавени по нехронолошки ред. Со оваа книга авторот внесува нов стил и постапка во своето досегашно творештво. 

Доминираат урбани и секојдневни теми и мотиви, односно песни создадени во ковид-периодот, а кои покренуваат редица егзистенцијални дилеми и прашања. 

Книгата Обратна како творечка и креативна иновација наидува на убав прием кај читателите и, иако е објавена пред само неколку месеци, тиражот е исцрпен и веќе се подготвува за печат нејзиното второ издание. Исто така, постои заинтересираност за преведување и објавување на книгата на српски, хрватски, словенечки, албански и бугарски јазик.   

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ