петок, 22 мај 2026

„Матица македонска“ одбележува 30 години од основањето

Објавено на

часот

Сподели

„По повод големиот јубилеј, посебно треба да се одбележат заложбите на издавачот за афирмација на книжевните вредности на македонските поети, прозисти, драмски писатели, критичари, публицисти и научници“, велат од издавачката куќа.

Посебно ги издвојуваат изданијата за македонското културно наследство, особено делата за македонските народни носии и везови, за македонскиот фолклор и народната митологија, како и монографските книги за македонските манастири и македонската резба, колор-изданијата за Охрид, Скопје, Преспа, Курбиново, Света Софија, Старата скопска чаршија и други.

Во рамки на едицијата Избрани дела, издавачката куќа „Матица македонска” објави повеќетомни изданија од творештвото на Марко Цепенков, Кирил Пенушлиски, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Божин Павловски, Луан Старова, Никола Кљусев, Милан Ѓурчинов, Блаже Ристовски, Радован Павловски, Цветан Грозданов, Георги Старделов, Витомир Митевски, Раде Силјан, Танас Вражиновски, Димитар Ќорнаков, Благоја Иванов, Петар Т. Бошковски, Јован Павловски, Паскал Гилевски, Јован Стрезовски, Блаже Миневскитица

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ