Приготвување:Загрејте ја рерната на 170 степени. Измијте ги целите гроздови, исушете ги и ставете ги во тава обложена со хартија за печење, додадете една лажичка масло и промешајте за да се премачкаат. (Ако грозјето има семки, пресечете ги гроздовите на пола.) Печете ги 20-30 минути, додека да зачрчорат и да пуштат сок. Може да потрае повеќе или помалку во зависност од големината на гроздовите. Некои ќе бидат попечени од другите. Зголемете ја температурата на рерната на 180 °Ц. Премачкајте ја тавата за печење со путер. Матете го путерот со шеќерот 3 минути, додека да станат светли. Додадете ги јајцата, едно по едно, и матете. Додадете ја ванилата и добро изматете. Измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта и просејте ги директно врз смесата од течни состојки. Матете само додека да се спојат. Не претерувајте со матењето. Истурете го тестото во подготвената тава и расфрлете го грозјето одозгора. Печете околу 45 минути, додека да порумени и да се крене и брцнатата чепкалка да излезе чиста. Оставете да се излади и поминете со тап нож околу рабовите. Извадете го колачот од тавата. Попрскајте го со шеќер во прав пред сервирањето. | Состојки:115 г омекнат, несолен путер 1 чаша (200 г) шеќер 2 јајца, на собна температура 1 чаша (140 г) брашно 1 лажичка прашок за печиво малку сол 1 лажичка чист екстракт од ванила 1 ½ чаша грозје без семки шеќер во прав, за сервирање |
Колач со грозје

Објавено на
часот





