ГАЛЕРИЈА
Живи статуи во центарот на Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Синоќа во Скопје беше одбележан Светскиот ден на уметноста, така што на улицата Македонија беа поставени живи статуи, како дел од вториот фестивал на улична уметност „Центарски улици“. „Задачата на уличните артисти е да го отсликаат на духовит начин она што најмногу го допира општеството: човековата смеа и бес, мудрост и глупост, зрелост и лудост, емпатичност и суета, моќ и немоќ, љубов и омраза!“, порачаа организаторите.Фото: Роберт Атанасовски