На територијата на град Скопје изречени се вкупно 215 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 142 санкции, 23 за возење без возачка дозвола, 10 за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за некористење сигурносен појас, седум за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.






