Како што информираа денеска од МВР, тој бил приведен по наредба на Основното јавно обвинителство, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” по член 396 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Основното јавно обвинителство за понатамошна постапка.






