„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол, три санкционирани возачи на мотоцикли, четири мерки за возачи почетници, три санкционирани возила за минување на затворен сигнал-црвено светло“, известгува МВР.
На територијата на Македонија изречени им се казни за брзо возење на 491 возач. Од нив 90 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 195 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 296 надвор од населено место, велат од МВР и алелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.






