сабота, 23 мај 2026

Возач со автомобил загрозувал учесници во сообраќај и полицајци

Објавено на

часот

Сподели

„Околу 20 часот и 20 минути на регионален пат Тетово-Јажинце, кај село Пршовце, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.С.(44) од тетовско Јегуновце затоа што со своето возило „ауди” со тетовски регистарски ознаки ги загрозувал другите учесници во сообраќајот. Потоа агресивно се однесувал и се обидел физички да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, информираат од СВР Тетово.

Тој бил приведен во Полициска станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ