Пред два дена осомничениот се обидел да ја убие 58 годишната сопруга. Тој почнал вербална расправија со жена му која била на вториот кат од нивната семејна куќа каде живее нивниот син со семејството, за да помогне околу болно внуче. Мажот извадил два големи ножа и замавнал кон оштетената во пределот на главата, заканувајќи ѝ се дека ќе ја заколе. Жена му го викнала синот кој го удрил осомничениот и успеал да му ги одземе ножевите.
Јавниот обвинител од велешкото обвинителство побарал притвор за осомниченото лице, а предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.






