понеделник, 25 мај 2026

Во Стар и Нов Дојран уапсени три лица, најдени дрога и пари

Објавено на

часот

Сподели

МВР вели дека при претрес во домот на Д.Р. биле пронајдени и одземени марихуана, предмети со остатоци од прашкаста материја, пари и други предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ извршени на подрачјето на општина Дојран.

Во домот на Е.И. биле пронајдени и одземени марихуана, пари и предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела „тешка кражба” и „кражба”, извршени на подрачје на општина Дојран.

Додека, при претресот во домот на Т.А. биле пронајдени марихуана и стебла од растението канабис.

Лицата се приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информира МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ