Претресот е извршен во координирана полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога,оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје.
Во станот на ул. „Венјамин Манчуковски” во скопската општина Аеродром, биле затекнати М.М. (20) и 16 годишен малолетник од село Зелениково.
„При претрес на гаража на ул. „Бојмија” во хартиена кеса е пронајдена поголема количина парични средства во апоени од 100 долари, или вкупно 396.200 долари, за кои од првичниот увид може да се утврди дека се работи за фалсификувани банкноти и едно полиетеленско пакување во кое има 149 екстази. Лицата се лишени од слобода и против нив СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава по чл. 396, чл.215 и чл. 268“, соопштија денеска од МВР.
Исто така, при преземањето на координираните мерки и активности биле лишени од слобода и Н.Т. (20), кај кои при личен преглед се пронајдени марихуана, синтетичка дрога амфетамин и трипови, и М.Г.(21), кај кого е пронајдена марихуана.
МВР продолжува со вршење на проверки со цел идентификување и на други инволвирани лица.






