сабота, 23 мај 2026

Во Скопје приведен прилепчанец баран со потерница

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР соопштија дека на 17 август 2021 година полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево во Скопје го лишиле од слобода К.Т.(48) од Прилеп, за кого била распишана централна потерница за доиздржување на казна затвор во Прилеп.

„При извршена контрола кај него се пронајдени алати и предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со извршени кривични дела и тие се предадени за вештачење“, информираат од полицијата.

К.Т. е спроведен за доиздржување на затворската казна во Прилеп, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ