петок, 22 мај 2026

Во Скопје казнети 243 возачи, 25 немале дозвола, 20 биле под дејство на алкохол…

Објавено на

часот

Сподели

Изречени се 20 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 27 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, како и 25 санкции за управување без возачка дозвола. Според МВР, изречени се и 27 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, седум за некористење сигурносен појас, 13 за користење мобилен телефон при управување возило, 10 за вградени неатестирани фолии, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), како и 57 санкции за непрописно паркирање.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ