понеделник, 25 мај 2026

Во СЦ „Борис Трајковски“ и на паркингот приведени 17 лица, кај нив е пронајдена дрога

Објавено на

часот

Сподели

Приведените се Ѓ.Б.(24) од Србија, Л.К.(18) од Скопје, В.А.(38) од Гевгелија, М.Ѓ.(20) од Битола, Б.Н.(22) од Свети Николе, В.Х.(23) од Скопје, Д.Т.(23) од Косово, А.С.(25) од Скопје,  Љ.В.(30) од Косово, Ѓ.Д.(18) од Велес, К.М.(23) од Штип, М.Н.(18) од Штип, С.Т.(25) од Скопје, Б.С.(20) од Скопје и Љ.Ј.(20) од Скопје. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, повеќе видови таблети и пакувања со тврда материја. 

Претходно, исто така синоќа на паркинг простор на Спортски центар „Борис Трајковски” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.К.(20) од Косово и Н.В.(25) од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. 

Сите 17 лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ