сабота, 23 мај 2026

Во куќа во Скопско каде што настанал пожар најдена почината 51-годишна жена

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 1 август 2021 во 4:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Волково, скопско, настанал пожар во куќа.

При гаснење на пожарот, од страна на екипа на Противпожарна заштита била пронајдена почината С.С.(51). Лекар констатирал смрт без траги на насилство.

Од страна на увидна екипа од СВР Скопје бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ