сабота, 23 мај 2026

Во близина на ГОБ „8 Септември“ пронајдена почината жена

Објавено на

часот

Сподели

Постапувајќи по пријава дека во близина на Градска општа болница „8 Септември“ била пронајдена почината В.М.(59) од Скопје, полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека околу 00.30 часот В.М. била пронајдена со повреди во село Волково, по што била пренесена во Градска општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош, но самостојно ја напуштила болницата.

По преземени мерки било утврдено дека таа била физички малтретирана од синот П.М., но не сакала да пријави.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ