понеделник, 25 мај 2026

Внук за пари со клоци и тупаници уби баба во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„На 6 ноември, во семејниот дом на улицата „Никола Малешевски”, при семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба. Со жртвата тој прво започнал вербална расправија за финансиски средства, по што физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по главата и лицето. Од ударите оштетената паднала, по што осомничениот продолжил да ја удира со тупаници и нозе, нанесувајќи и повеќе телесни повреди од кои починала“, велат од скопското Обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да се обиде да ги прикрие трагите за стореното кривично дело. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ