петок, 8 мај 2026

Велешанка измамена со лажна СМС-порака за сообраќањен прекршок

Во СВР Велес, 43-годишна велешанка пријавила дека била измамена за сума од 16.592 денари. Според пријавеното, на 5 мај добила СМС-порака за наводно сторен сообраќаен прекршок кој требало да го плати.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат денеска од СВР Велес, во пораката имало линк од веб-страна со насоки за плаќање и било наведено дека доколку ги следи упатствата ќе плати само половина од сумата за прекршокот. Откако ги внела податоците од својата банкарска сметка, во неколку наврати добила порака за неуспешно плаќање, а подоцна забележала дека од сметката ѝ биле одземени пари.

Од СВР Велес, информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Воедно апелираат до граѓаните да бидат внимателни при добивање на вакви и слични сомнителни пораки и да не ги плаќаат, туку веднаш  да пријават во полиција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ