МВР информира дека на Граничниот премин „Деве Баир” вчера во 11:30 часот при извршена контрола на Н.Л.(55) од Република Албанија, кој управувал товарно возило „даф” и полуприколка, со албански национални ознаки, било констатирано дека возилото го управува со фалсификувана возачка дозвола.
Предаден е на полициската станица во Крива Паланка за понатамошна постапка.






