понеделник, 25 мај 2026

Украл електричен тротинет и агрегат за струја, уапсено 21-годишно момче

Објавено на

часот

Сподели

По А.Ѓ. била распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Чаир.

„Во полициска станица со него е извршен службен разговор во врска со извршени кривични дела на подрачјето на Шуто Оризари, при што тој појаснил дека сторил две кривични дела, и тоа ‘кражба’ и ‘тешка кражба’. Имено, на 28.10.2021 А.Ѓ. извршил ‘кражба’ од куќа на подрачјето на Шуто Оризари, сопственост на Н.Ј., при што украл електричен тротинет, кој бил пронајден и вратен на сопственикот. Делото ‘тешка кражба’ го извршил на 7.11.2021 од куќа сопственост на Ш.С., од каде украл повеќе разни предмети. Дел од нив, меѓу кои и агрегат за струја, биле пронајдени и вратени на оштетениот“, велат од МВР.

Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот за двете кривични дела, против А.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ