Според МВР, претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15 мај 2026 во шума во околината на село Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. од Бојане. Од страна на полициските службеници, М.Б. е приведен, а пронајдени се и телото на Б.Д. и пиштолот со кој е извршено убиството.
По документирање на случајот, против М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






